Сончево, но сепак студено утро денеска ги разбуди граѓаните
Денешниот прв ден во оваа недела која штотуку започна, донесе сонце меѓутоа и студени утрински температури. Имено, во 07 часот температурата во Прилеп изнесуваше само еден степен над нулата.
Според нашите информации, утрово во Прилеп ќе студено, а преку денот ќе имаме претежно сончеви периоди. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец. Температурата во Прилеп ќе достигне до 14-тиот степен.