(Фото) КОЈ РЕЧЕ ДЕКА ВО ПРИЛЕП НЕМА НАРОД: Прилепчани, максимално го искористија денешниот неделен ден
Денешниот неделен ден, “ги примами” граѓаните кои живеат во градот под Марковите Кули да уживаат во денешното “мартовско сонце”, и барем за миг да одморат од нивните секојдневни обврски кои што ги имаа во неделата која “речиси измина”. Некои со кафе, а пак други со чај, му се восхитуваа на денешното сончево време.
Кој рече дека во Прилеп нема народ? Фотографијата во прилог, го говори токму спротивното!