Градоначалникот Јовчески одржа работен состанок за функционирање на зимската служба

Сподели го ова:




Градоначалникот на Општина Прилеп, Борче Јовчески работниот ден го започна со состанок  со фирмата  ДОО Изофас, задолжена за зимско одржување, со надзорниот орган од ЈП за ПУП и со вработените во Општината.  На средбата беа распределени задачите за поефикасно организирање и функционирање на зимската служба за претстојниот период.

На состанокот од страна на фирмата задолжена за зимско одржување беше истакнато дека набавени се потребните колични на сол и ризла, а подготвена е и соодветната механизација.

Ова во согласност со Оперативната програма за организирање и функционирање на зимската служба на подрачјето од Општина Прилеп за сезоната 2021/2022 година.





Сподели го ова:

Слични објави