Црквата “Воведение на Пресвета Богородица – ПРЕЧИСТА” во Варош-Прилеп, ги прави последните подготовки за храмовата слава
Голем дел од прилепчани како секоја година-така и оваа, за неколку денови, односно на 3-ти и 4-ти декември ја празнуваат славата посветена на Воведение на Пресвета Богородица – Пречиста.
Врз основа на ова, на овој голем празник “реки од прилепчани” се очекува да ја посетат црквата “Воведение на Пресвета Богородица” во Варош-Прилеп, да си присуствуваат на божествената литургија, да си запалат свеќа за свое, но и за здравјето на своите најблиски, бидејќи верата е оној единствен патоказ по кој треба да се движиме.
















