Пинокио! За нашите најмили срца ДЕТСКИ, во Охрид доаѓа театарски спектакл СВЕТСКИ!

Сподели го ова:


























Конечно и во Охрид доаѓа големиот детски – светски спектакл, Театарската претстава за деца “Пинокио, која е пропратена со новокомпонирани детски музички песни на македонски јазик кои се специјално создадени за ова врвно уметничко дело. Ова е претставата која што заради нејзиниот голем квалитет и атрактивност, ги полни салите низ цела Македонија и тоа по неколку пати! По барање на публиката во Охрид, Пинокио заедно со неговата дружина доаѓаат во Охрид за да ги воодушеват најмладите во овој град. Овој детски театарски -музички спектакл, ќе биде изведен во недела на 15 декември во НУЦК Григор Прличев во Охрид, а почетокот на претставата е закажан за во 12 часот.

Овој пат, честа да го гледаат овој најголем детски спектакл ја имаат најмладите од Охрид, кои ќе ја проследат оваа претстава и вистински ќе уживаат во оваа детска музичка претстава со професионални маски. Што се однесува до билетите за оваа претстава тие се по симболична цена претпродажна цена од само 150 денари. Билети на телефон 076/ 519 -245. Побрзајте, бидејќи 50% од картите за Пинокио се продадени за само еден ден!

Се гледаме на претстава, и на вистински детски – музички спектакл! Дојдете заедно да уживаме со нашите срца детски, на тетатарски спектакл СВЕТСКИ!




Сподели го ова:

Слични објави