Собраните парични средства од хуманитарниот концерт во чест на Лилјана Зероска успешно донирани во центарот за деца со попреченост “Ѕуница”
Како што објавивиме пред две недели, голем број на граѓани од градот под Марковите Кули, уште еднаш ја покажаа својата хуманост преку донации за децата со попреченост од Центарот “Ѕуница” – Прилеп, на концертот кој се одржа под градскиот часовник на 31.08.2023 година. Концертот беше во чест на др. Лилјана Зероска – основач на трансфузиолошката служба, а на истиот настапија “Теди и Рубин”, Филип Николоски, дел од учениците од “Матрикс”, Ѓоко Ѓорчев…
“Денес сум посебно среќна што успешно го заклучивме нашиот хуманитарен проект со концертот одржан пред кафе Чоше на 31.08.23. Предадени се 22.000 мкд на децата со попреченост во центарот Ѕуница во Прилеп.
Голема благодарност до сите учесници на концертот и хуманите срца што донираја на концертот. Се надевам ќе премини настанот во традиција под мотото :
“ Сите деца да бидат еднакви и среќни“ – истакна Билјана Зероска на социјалните мрежи.