Со новиот градоначалник, Крушево повторно ќе стане град на многубројни културни настани
Денес во посета на Крушево беше министерот за култура Зоран Љутков, кој истакна дека Крушево повторно е на врвот на приоритетите на Владата на Република Македонија. Министерот во Крушево оствари средба со граѓаните, кандидатот за градоначалник Нико Чонески како и со членови на ОК на ВМРО ДПМНЕ – Крушево, предводени од претседателката на О.К.-Крушево, Александра Мијајлевска Стефановска.

На средбата се разговараше за идните планови на Министерство за култура и Локалната Самоуправа, со цел Крушево повторно да биде на картата на градови кои ќе бидат носители на културни настани и манифестации во Македонија.


















