|

Со богата новогодишна програма на градскиот плоштад, прилепчани ќе ја дочекаат новата 2023 година!

Сподели го ова:























На 31 декември, во 11:00 часот на градскиот плоштад „Методија Андонов-Ченто“ ќе започни новогодишната програма на Општина Прилеп.
Дневната програма е наменета за најмладите, кои најпрвин ќе ја проследат театарската претстава за деца „Дружината на Снешко Белчо“ а потоа ќе играат и пеат со песните од детскиот фестивал „Весели ѕвончиња by Jana“, најголемите детски, прилепски, музички амбасадори! Имено на овој фестивал настапуваат деца од повеќе градови од нашата земја.

Вечерната новогодишна програма започнува во 21:30 часот со настапот на прилепскиот DJ, Dejan Pete, потоа во 22:30 на бината ќе се појават членовите на групата „Балканика“, а во 23:30 ќе започни настапот на прилепскиот рок бенд „The Hounds“.

Точно на полноќ, после огнометот, градоначалникот Борче Јовчески на своите сограѓани ќе им ја честита Новата 2023 година, а музичката програма ќе продолжи.
Локалната самоуправа на општина Прилеп ветува одлична забава и дочек на новата 2023 година и ги поканува сите наши сограѓани да ја проследат предвидената новогодишна програма.



Сподели го ова:

Слични објави