Во салата на Советот на Општина Прилеп ќе се одржи свечено одбележување на Денот на сесловенските просветители Св. Кирил и Методиј со црковно- научна трибина

Сподели го ова:
















На 23.05.2023г.(вторник) во 19.00 часот, во салата на Советот на Општина Прилеп ќе се одржи свечено одбележување на Денот на сесловенските просветители Св. Кирил и Методиј со црковно- научна трибина со тема ,,1160 години од Моравската мисија на солунските браќа и просветители Св. Кирил и Методиј”.

Датумот 24 мај е избран како Ден на словенските просветители затоа што на таа дата пред единаесет века започнала т.н. Моравска мисија, односно мисијата при која светите оци и учители, браќата Кирил и Методиј, нам и на сите словенски народи во наследство ни ја оставија азбуката, писменоста и духовноста.

,,Порано Словените немаа книги, но со црти и рески читаа и гатаа, бидејќи беа јазичници. Откако се покрстија беа принудени да ги пишуваат словенските зборови со римски и грчки букви без устроение. Но како може да се пишува добро со грчки букви? Така беше многу години…

Потоа човекољубецот Бог, кој уредува се и не го остава човечкиот род без разум и спасение , но сите ги довдува кон разум и спасение, се смилува над човечкиот род, му го испрати свети Константин Филозоф, наречен Кирил, праведен и вистинољубив маж и им остави 38 букви едни по образецот на грчките букви, а други според словенскиот збор.” – Црноризец Храбар



Сподели го ова:

Слични објави