Што се случи со затвореникот кој избега од прилепскиот затвор во 2021 година?

Сподели го ова:
























Во август 2021 година, Прилеп го потресе веста за спектакуларното бегство на 36 годишниот затвореник од Гостивар кој избега од прилепскиот затвор, и истиот бил осуден на 20 години строг затвор заради тешки кражби.

Колку за потсетување, затвореникот избегал за време на посетата, односно истиот ден кога имал посета од страна на неговата мајка и неговата сопруга. Веднаш, после завршувањето на посетата, затворските полицајци забележале дека осуденикот го нема. Она што искрено тогаш беше премногу сомнително, е тоа што тогашното бегство не беше забележано ниту од безбедносните камери, ниту пак од страна на затворската полиција. И на крајот прашуваме: до каде е постапката со затвореникот кој избега од прилепскиот затвор во 2021 година, и дали некој од вработените од затворот сноси одговорност за тоа што така лесно им избега затвореник??




Сподели го ова:

Слични објави