Од месец март, МВР со двојазични полициски униформи – најави Министерот за внатрешни работи – Оливер Спасовски
Од месец март 2023 година, МВР ќе има двојазични полициски униформи- а ваквата нова вест ја најави Министерот за внатрешни работи – Оливер Спасовски во емисијата „Прав пат“ на ТВ Алсат-М:
Се спроведуваат сите процедури од март 2023 година, полициските униформи да бидат на два јазика. Оваа регулатива стапи во сила осмиот ден откако беше донесена, и ќе почне да се применува најдоцна една година од влегувањето во сила, поточно – најдоцна на 26 март 2023 година – истакна Спасовски.