На 5-ти март се во Битола! “Солза и смеа” вчера во Прилеп направија спектакл за паметење
“Цел Прилеп” вчера уживаше во одличното комично шоу на Солза и смеа, каде публиката во големата сала во прилепскиот Центар за култура се смееше “на секои пет секунди”! Целосната комична програма траеше 110 минути каде публиката во внимание ги гледаше своите урнебесни ликови од Солза и смеа. Оваа претстава во Прилеп е дел од големата турнеја од Солза и смеа која беше во 11 градови, а турнејата завршува со голем комичен спектакл на 5-ти март во Битола во Центарот за култура со почеток во 20 часот. Цената на билетите за Битола изнесува само 250 денари, а билети за Битола може да си набавите секој работен ден од 15 до 20h на билетарата во Центарот за култура или 24/7 на 078/ 66-77-97.

















