| |

КАКО ЌЕ БИДЕ ОДБЕЛЕЖАН 41 РОДЕНДЕН НА НАШИОТ ТОШЕ?ПОГЛЕДНЕТЕ ВО ПРИЛОГ

Сподели го ова:


Во вторник, точно на 25 Јануари, да беше жив нашиот Тоше Проески ќе наполнеше точно 41 година. По повод 41 роденден на Тоше, ќе бидат спроведени низа настани и манифестации, кои што симболично ќе го одбележат неговиот 41 роденден, денот кога е родена нашата најголема балканска музичка ѕвезда. Во прилог, погледнете ја целокупната програма која започнува на 25.01.2022 во Крушево родниот град на Тоше:

-10:00-16:00 -Крводарителска акција на ОО Црвен Крст-Крушево

-10:30-11:00-Промоција на книгата на Бојан Тодоровски и музички настап на Никола Зацески со групата “Мелем”

-11:00-12:00-Промоција на книгата “1200 молитви за Тоше” и музички перформанс на Горан Папаз

-12:00-12:30-доделување на хуманитарни ваучери

-12:30-14:00-Посета на вечното почивалиште на Тодор Тоше Проески

-14:00-16:00 -Музички сценски настап/Камерен оркестар-Битола, Пијано трио-Скопје, како и солисти на МОБ-Дирегент Владимир Димовски (програмата е превземена од Facebook профилот на Бојан Тодоровски-авторот на одличната книга посветена на Тоше “Душа во огледало” која ќе биде промовирана во вторник во Крушево)





Сподели го ова:

Слични објави