Сеуште активен e пожарот во прилепско! Гори помеѓу селата Царевиќ и Смолан
До ова утро, на територијата на нашата земја се евидентирани 22 пожари на отворен простор, од кои четири се активни, три се под контрола, а 15 се изгаснати. Сеуште е активен пожарот во прилепско, бидејќи сеуште гори помеѓу селата Царевиќ и Смолан.
Исто така, активни пожари има кај село Нивичино во Општина Василево, кај село Грешница во Општина Македонски Брод, помеѓу селата Црешнево, Локвица и Крапа во Општина Македонски Брод и помеѓу селата Царевиќ и Смолан во Општина Прилеп.
















