Започна кампањата „Мојот данок, за мојата општина!“

Сподели го ова:
























Општина Прилеп, како партнер-општина на Проектот на УСАИД за зајакнување на капацитетите за искористување на ресурсите се приклучува кон кампањата „Мојот данок, за мојата општина!“Едукативната кампања „ Мојот данок, за мојата општина! “има за цел да ја информира јавноста дека плаќањето данок на имот е должност на секој граѓанин-даночен обврзник, но во исто време и придонес на поединецот за градење на подобра иднината на општината.(Текстот за оваа објава продолжува веднаш после рекламното соопштение за најголемиот детски спектакал во Прилеп-Детскиот Музички Фестивал “Весели Ѕвончиња by JANA ” кој ќе се одржи оваа година на 07.05.2022 во НУЦК “Марко Цепенков” и ќе понуди 16 ново-компонирани детски музички хитови).

Доколку поседувате имот во одредена општина, тогаш автоматски сте даночни обврзници со законско право на даночно решение за вашиот имот, но, и законска обврска и лична должност за навремено подмирување на данокот.Секој граѓанин-даночен обврзник треба да знае дека со навремено подмируваме на данокот на имот, го полни директно општинскиот буџет, преку кој се реализираат сите планирани јавни и инфраструктурни проекти. Со ова, едноставно кажано, секој од нас лично придонесува за развојот на општината, која во иднина ќе ја красат: нови градинки, нови игралишта, нови улици, нови училишта, ново осветлување, нови паркови, еколошки проекти, нови проекти за економски развој.

Оваа кампања оттаму, цели и да придонесе кон навремено и прецизно информирање на даночните обврзници за сите права и обврски, како и правата и обврските на општината поврзани со данокот на имот.




Сподели го ова:

Слични објави