Секоја чест за градоначалникот Саботковски

Сподели го ова:


Секоја чест за градоначалникот Саботковски, од секогаш се трудел да помогне онаму каде што е потребно и неопходно, па затоа важи за народен-пристапен човек во кој што самиот народ има голема доверба. Овој пат, градоначалникот на Општина Могила Драганчо Саботковски помогна кај баба Цвета од село Ивањевци која живее во многу тешки услови, при што веднаш откако Саботковски слушнал за овој проблем веднаш замина на терен за да помогне и за да ја констатира реалната тешка состојба со која што се соочува оваа баба. “Вчера до мене стигнаа фотографии за помош на баба Цвета од село Ивањевци, веднаш со мојот тим се организиравме и денес и однесовме храна, облека и средства за хигиена.Наредните денови ќе и однесеме и дрва за огрев. Ни се заблагодари за посетата, поразговаравме за нејзините проблеми, ќе бидеме достапни за помош во рамки на можностите. Животот е тежок за оваа баба, помош од институциите е неопходна.Обединети кон заедничка цел, да им ги олесниме маките на нашите сограѓани кои не по своја волја се нашле на работ на егзистенцијата”-истакна градоначалникот на Општина Могила-Драганчо Саботковски.

Можно е да е слика од 3 луѓе и обувки
Можно е да е слика од 2 луѓе и внатре
Нема опис за фотографијата.





Сподели го ова:

Слични објави