Ова треба да го направиме и во Прилеп: „Ако имаш ДОНЕСИ, ако немаш ПОНЕСИ“

Сподели го ова:























Се ближат новогодишните и божиќните празници, а додека некои дома имаат се и сешто, некои пак немаат ништо и постојано мислат што ќе јадат за време на овие празници. Како резултат на ова, пилјара во Гевгелија направи еден хуманитарен подег со кој им помага на оние луѓе, што не можат за време на празниците да си дозволат да купат храна.

„Хуманитарна акција, закачалка на добрината под мотото „Ако имаш ДОНЕСИ, ако немаш ПОНЕСИ“. Апелираме сите оние кои немаат и навистина им е потребно да се послужат од истата. Да ги направиме празниците убави за сите“ – е наведено во описот до објавата.

Секоја чест за ваквиот хуманитарен подег и идеја. Не е лошо, вака да направиме и во нашиот Прилеп. Што мислите??



Сподели го ова:

Слични објави