Вистинска уметност синоќа во Битола! Раде Шербеџија ја маѓепса битолската публика во Центарот за култура
Раде Шербеџија вчера во текот на денот пристигна во Битола. Битолчани и организаторите го пречекаа онака како што доликува, на битолскиот Широк Сокак и го сместија малку да одмори пред концертот во прекрасен апартман во срцето на Широк Сокак.

Потоа, следеше кратка прошетка низ Широк Сокак, средба со старите пријатели, па спектакуларниот концерт кој синоќа започна во 20 часот во преполната сала во Центарот за култура – Битола. На концертот, Шербеџија ја маѓепса битолската публика која до последен миг уживаше во песните и уметничките изведби на Раде Шербеџија.


















