Бог ги чувал патниците! Македонски автобус се излизга кај местото Појате во Србија
Македонски автобус синоќа имал сообраќајна несреќа во Србија, поточно на автопатот А5 кај Појате во Србија.
Како резултат на обилните снежни врнежи, автобусот започнал да се лизга, при што се излизгал и удрил во банкината. Причинета е поголема материјална штета, а сега за сега, сеуште нема податоци дека некој е повреден.
