СЕКОЈА ЧЕСТ! На саемот за туризам во Нови Сад, хотелот “Панорама” – Крушево се здоби со повеќе големи признанија!!!
На саемот за туризам кој се одржа во Нови Сад, Србија од 30.11 до 02.12, хотелот Панорама Спа – Крушево успешно се претстави пред 240 учесници од 10 земји. Врз основа на квалитетот кој го поседува овој прекрасен хотел, самиот тој на саемот за туризам се стекна со следниве големи признанија:
– Признание за хотелско сместување,
– Признание за базенски простор,
– Признание за работен простор
Хотелскиот ресторан ALTO доби:
– Признание за ресторанска услуга
Aдреналински парк и ски центар Panorama All Seasons Adventure добија:
– Признание за адреналински парк,
– Признание за ски центар
Едно е повеќе од сигурно, а тоа е дека нивната посветеност за развој на нивните капацитети во Крушево полека но сигурно, се етаблира во регионални рамки, па како резултат на тоа, овој прекрасен хотел дава голем придонес за развојот и просперитетот на македонскиот туризам.
Секоја чест!