ПРОДАНОСКИ: Драги прилепчани денес имаме можност да ставиме крај на политичките уцени и да го трасираме патот за успешна и стабилна Македонија

Претседателот на ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп Дејан Проданоски, денеска го оствари своето право на глас, при што паралелно на тоа повика по пат на гласање, граѓаните да стават крај на политичките уцени.
“Почитувани сограѓани, драги прилепчани денес имаме можност да ставиме крај на политичките уцени и да го трасираме патот за успешна и стабилна Македонија. Ве повикувам да го искористите вашето право на глас за заедно да градиме иднина!” – порача Проданоски.