СЕКОЈА ЧЕСТ: “Комфи Ангел”-Прилеп со уште една донација за прилепската болница

Сподели го ова:


























И покрај новонастанатите глобални случувања и зголемените трошоци на работа, лидерот за производство на креветски веш и постелнини “Комфи Ангел”-Прилеп како општествено одговорна компанија, повторно донираше во градската болница “Борка Талески”-Прилеп. Овој пат, донацијата се состоеше од 150 креветски чаршафи и 200 сетови-горен плик чаршаф со навлака за перница.

Оваа прилепска компанија денес е една од најголемите компании во нашата земја, а сето ова претставува таков успех кој никако не смее да биде занемарен, меѓутоа и покрај се, како најголемо богатство на оваа компанија претставуваат вработените. Успешната соработка помеѓу секторите и вработените во “Комфи Ангел” е неизбежен дел од работниот процес на оваа компанија. Сето ова се должи на соработката помеѓу вработените кои што ги прави да бидат уште поуспешни и уште покоординирани во секој нареден проект на кој што самите тие работат, како едно големо семејство.




Сподели го ова:

Слични објави