СЕКОЈА ЧЕСТ: Еве зошто “Авто Контрол”-Прилеп е една од најдобрите општествено одговорни компании


Безбедноста на децата, како и нивниот живот и здравје се највисока општествена цел и врвен приоритет на секој поединец. Тргнувајќи од сето ова, по иницијатива на најдобрата станица за технички преглед “Авто Контрол”-Прилеп а во соработка со ОВР-Прилеп и АД “Витаминка”, од вчера (19.09.2022) се отпочна со реализација на превентивни активности и едукативни предавања, и истите планирано е да се одржуваат во основните училишта во Прилеп, а во рамките на кампањата – „Да ги заштитиме децата во сообраќајот“.

Целта на низата превентивни активности е децата уште од најрана возраст, да се стекнат со знаења за основните сообраќајни правила и прописи, особено во делот на пешаците и велосипедите, при што се очекува преку почитување на законите, да се зголеми нивото на безбедност во сообраќајот и нивото на сообраќајната култура.

Со ваквите превентивни активности (кои што ќе продолжат и во наредните денови), со едукативни предавања ќе бидат опфатени, како основците во Прилеп, така и учениците во основните училишта на подрачјата на Долнени и на Кривогаштани.

Од страна на “Авто Kонтрол” и генералниот директор на оваа компанија Даниела Перканоска, беа обезбедени и сообраќајни прирачници за просветните работници, се со цел за да и понатаму се продолжи кон збогатување на сообраќајната култура. Имено, станицата за технички преглед “Авто Kонтрол”-Прилеп низ своето долгогодишно успешно работење постојано ја унапредува сопствената стратегија за корпоративна општествена одговорност, која се развива преку рамките на т.н. „Авто Kонтрол платформа“ во која што се опфатени голем број на проекти кои што се наменети за поддршка на повеќе општествени сегменти (локална заедница, образование, сообраќај, здравство,култура, спорт…).

На ваков начин “Авто Контрол” и Даниела Перканоска постојано создаваат дополнителни вредности за клиентите, вработените, локалната заедница, здруженијата, животната средина… Имено, ваквата постојана поддршка на општествените сегменти од страна на “Авто Контрол”-Прилеп, нека претставува конкретен пример кој што ќе го следат и останатите компании кои што ќе се приклучат кон концептот на корпоративна општествена одговорност. На ваков начин општеството ќе може постојано да напредува, само преку меѓусебна поддршка на институциите, компаниите, граѓаните и сите останати учесници кои се дел од општествениот живот во ова наше денешно општество, каде што сите ние заедно живееме, работиме и придонесуваме.


















