ОВОЈ ВИКЕНД: По седми пат “Toptash Downhill Cup” во организација на “Sky Riders”-Прилеп


Клубот за екстремни спортови “Sky Riders”-Прилеп, овој викенд 24-25 Септември по 7-ми пат ќе ја организира трката “Toptash Downhill Cup”. Локацијата каде што ќе се одржува настанот е во близина на резервоарот за водоснабдување Топташ (место викано “Лизгајци”). Настанот ќе се одвива по следниот распоред:

Сабота 24.09.2022
11:00-16:00 – Тренинг со обезбеден превоз, медицинска екипа и судии

Недела 25.09.2022
10:00-12:00 – Официјален тренинг
12:00-14:00 – Квалификациски спуст
14:00 – Финален (Официјална трка)
Екипата на “Sky Riders” веќе еден месец ја припрема патеката која што секоја година е се поекстремна како што налагаат условите во спортот. Оваа година се очекуваат околу 60-тина натпреварувачи од Македонија и соседните држави (Србија, Бугарија, Црна Гора, Грција, Албанија и Косово) со што оваа трка станува поатрактивна за најдобрите возачи на балканот. “Toptash Downhill Cup” ќе биде државно првенство на Македонија и ќе биде бодуван за ранг листата на Велосипедската Федерација на Македонија.

Натреварувачите ќе бидат поделени во 5 категории:
Mini Junior (12-15 години)
Junior (16-18 години)
Elite (19+ години)
Master (30+ години)
Hobby (рекреативци)
На патеката има повеќе атрактивни места каде што публиката може да проследи возачите како ги поминуваат екстремните предели. Како што се 10 метарски скокови, Дропови од карпи, Стрмнини и многу брзи предели каде возачите поминуваа со голема брзина повеќе од 50 km/h.
Претхоните години настанот привлекувал голем број на луѓе како што се очекува и оваа година бидејќи се пријавени најдобрите возачи од балканот. Паричниот фонд за награди за најдобрите времиња на патеката оваа година изнесува 720 евра-средства кои што се обезбедени од страна на спонзори.



















