МОЖНА Е ПОЈАВА НА ГРАД: Вечерва се очекува пороен дожд и грмежи, наместа во форма на невреме со интензивен дожд за кратко време (над 20 л/м2 за 6 часа)
Врз основа на информациите од УХМР, времето денеска претпладне ќе биде сончево и топло со умерен до засилен ветер од јужен правец.
Попладне и во ноќните часови почнувајќи од запад облачноста ќе се зголемува и ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, наместа во форма на невреме со интензивен дожд за кратко време (над 20 л/м2 за 6 часа), силен ветер, поинтензивни електрични празнења и услови за појава на град. UV=8