Црквата “Пречиста”во Варош денеска беше преполна со верници по повод денешниот голем христијански празник
Прилепчани, на овој денешен голем христијански празник “Покров на Пресвета Богородица”, ја посетија црквата “Воведение на Пресвета Богородица – Пречиста” во Варош, си присуствуваа на божествената литургија, си запалија свеќа за свое, но и за здравјето на своите најблиски.
Како што објавивме и во првата наша денешна објава, денеска 14 октомври, православните верници го слават празникот “Покров на Пресвета Богородица”. Според верувањата, денеска е најголемиот православен женски празник. Во црковните храмови ширум земјава, утрово имаше света литургија, која беше посетена од голем број на христијански верници.