|

СЕКОЈА ЧЕСТ – 100 ПАТИ ДАРУВАЛ КРВ: Ова е хуманиот прилепчанец кој што спасил повеќе животи

Сподели го ова:























По повод 17 Март – Денот на крводарителите и Денот на Црвениот Крст во Република Македонија, вчера во просториите на Општина Прилеп се организираше крводарителска акција, во соработка со Општинската организација на Црвениот крст од Прилеп и Институтот за трансфузиона медицина. Крв даруваа над шеесетина редовни крводарители, вработени во Локалната самоуправа како и Градоначалникот на општина Прилеп, Борче Јовчески, кој ја поддржа крводарителската акција и нагласи дека ќе продолжи соработката со службата за трансфузиологија и со прилепската организација на Црвениот крст, бидејќи грижата за здравјето и животот на нашите сограѓани ни е најважна.

Притоа, честитајќи им го 17 март, Денот на крводарителството и Денот на Црвениот крст, Градоначалникот Јовчески им се заблагодари на крводарителите од Прилеп за нивната хуманост, солидарност и несебичност при дарувањето на најскапата течност и им додели благодарници и признанија на повеќекратни крводарители.Признанија и благодарници добија крводарители кои дарувале над 10 пати крв, 25, 75 пати и еден наш сограѓанин кој што дарувал крв 100 пати досега.

„Дарувањето е спасување на нечиј живот!“ потенцираа крводарителите и апелираа до младите да бидат хумани, да станат крводарители и несебично да помагаат во спасување на човечки животи.



Сподели го ова:

Слични објави