ПРОДАНОСКИ: Вложувајќи во развојот на нашите деца вложуваме во иднината на нашето општеството

Сподели го ова:


























Во организација на “Здружението на воспитувачи на Македонија”, вчера во Прилеп се одржа семинар на тема “ФОРМИ НА МОДЕРНИЗАЦИЈА ВО РАБОТАТА СО НАДАРЕНИ ДЕЦА”.

На семинарот присуствуваа повеќе гости, меѓу кои воспитувачи и стручни работници, како и соработници на регионално ниво. На истиот беа споделени искуства пред врвни и ценети професори од Педагошките факултети во нашата држава, а свое обраќање имаше и претседателот на Совет на Општина Прилеп Дејан Проданоски, кој што преку својот искрен, и впечатлив говор истакна:

Чест ми е што сум дел од овој Семинар со интересна тема ,,Форми на модернизација на работата со надарени деца‘‘ во организација на Здружението на воспитувачи и благодарам што сум поканет како Претседател на Советот на Општина Прилеп, бидјеќи ние како заедница сме должни, да обезбедувиме оптимални услови за правилен раст и развој на нашите деца, што како Општина Прилеп и го правиме преку ЈОУДГ ,,Наша иднина‘‘ Прилеп која е базичен потсистем за предучилишното образование и воспитување на децата,

Свесни сме дека вложувајќи во развојот на нашите деца вложуваме во иднината на нашето општеството.

Но, од друга страна, во ова динамично и дигитално време кога децата имаат можност брзо да напредуваат, предизвикот пред нас е како да ставиме акцент на надарените и талентирани деца. Дали ние сме подготвени да ги подобриме условите за развој на надарените деца?!

Конкретно, Општина Прилеп во образовниот систем во предучилишната возраст ,а особено во оваа возраст кај децата, регистира голем број на надарени деца во различни сфери, за кои сме сите сведоци, пишувале и медиумите: во изучувањето и совладувањето на странските јазици, деца талентирани за ликовната уметност, литературата, спортот, музиката, талентирани деца во природните науки и тоа ни дава поттик да размислуваме, и како заедница, и како институции, како да ги поттикнеме тие деца да се надоградуваат и да го разиваат својот талент. Можеби се потребни нови програми за работа со тие деца, нови правила и стандарди кои треба да се применуваат во условите за работа и процесот на препознавање, идентификација и работа со надарените и талентираните деца, но од мој аспект надарените деца залужуваат да имаат поинаков третман и да се следи нивната работа, од најмала возраст, од предучилишна возраст, па се до основно и средно образовние.

Затоа од огромна важност е влијанието на општеството и институциите, преку вработените во градинките, вработените во училиштата, а секако и на семејството од каде доаѓаат децата – сите заедно да се грижиме и на свој начин да придонесеме за нивен развој! порача претседателот на Совет на Општина Прилеп – Дејан Проданоски.




Сподели го ова:

Слични објави