Секое дете има една цел – од Детскиот фестивал “Весели Ѕвончиња” да биде дел!
Голем интерес за пријавување за учество на следното осмо издание на Десткиот музички фестивал “Весели Ѕвончиња by JANA”-Прилеп 2025. Најголемиот дел од пријавените се од Прилеп, Охрид, Битола и Крушево. На фестивалот ќе има учесници од 4 до 14 години, и истиот ќе биде поделен на детски и тинејџерски музички блок.

Доколку имате и Вие од 4 до 14 години, не ја пропуштајте оваа екстра можност и пријавете се за учество на осмото издание на моментално најактуелниот детски фестивал “Весели Ѕвончиња by JANA”-Прилеп 2025, фестивалот каде што пеат деца од цела Македонија.
Колку за потсетување, во јуни оваа година, прилепската публика во НУЦК Марко Цепенков уживаше во најновите детски хитови од 7-то фестивалско издание на Детскиот музички фестивал “Веселите Ѕвончиња by JANA”, каде имаше можност да слушне екстра модерни нови детски и тинејџерски песни со вистински модерен звук, кои можат рамо до рамо да се носат со големите светски музички хитови. Ова е само потврда дека Детскиот Музички Фестивал “Весели Ѕвончиња by ЈАNA” како моментално најмодерен детски музички фестивал во земјава остава значајна трага во ѕвезденото музичко небо.
Како резултат на светскиот квалитет на песните, овој фестивал се здоби со титула “МОДЕРЕН-ДЕТСКИ-СВЕТСКИ-БРЕНД”, бренд кој што веќе е препознатлив на нашето ѕвездено музичко небо ширум цела наша земја, а и надвор од неа. Доколку имате од 4 до 15 години и сакате и Вие да бидете дел од детскиот или пак дел од тинејџерскиот музички блок од следното најново спектакуларно фестивалско издание на детскиот музички фестивал “”Весели Ѕвончиња by JANA”, Вашите родители ќе можат да Ве пријават на Facebоok профилот на Гоце Илиески-Балада, на Facebоok профилот на Весели Ѕвончиња, или пак на 077/867-169.


















