Погледнете – вриеше од народ! ОМУ „Ордан Михајлоски – Оцка“ го одржа својот традиционалниот новогодишен концерт

Сподели го ова:































Вечерва, во празнична атмосфера, се одржа традиционалниот новогодишен концерт на Основното музичко училиште „Ордан Михајлоски – Оцка“, настан кој уште еднаш го потврди талентот, трудот и љубовта кон музиката што ја негуваат младите музичари од Прилеп.

Концертот беше вистинско огледало на посветената работа на учениците, на часовите исполнети со вежбање и трпение, како и на стручноста и визијата на професорите и раководството на училиштето. Публиката имаше можност да ужива во богатата и разновидна музичка програма и да го почувствува потенцијалот што расте токму во нашата општина.

Основното музичко училиште „Ордан Михајлоски – Оцка“ со право важи за расадник на таленти и гордост на Прилеп. Бројните награди и признанија што учениците ги освојуваат на домашни и меѓународни натпревари се најдобра потврда за квалитетот на наставата и континуираната посветеност на целиот колектив.

Локалната самоуправа на општина Прилеп упатува искрени честитки до сите ученици за нивната посветеност и успешни настапи, до професорите за нивната стручност, до родителите за поддршката, како и до раководството за грижата и развојот на училиштето.

Вашите успеси се најубавата промоција на нашиот град и доказ дека Прилеп е град на културата, уметноста и младите таленти.




Сподели го ова:

Слични објави