Љутков: Македонскиот јазик е нашата татковина, нашата вечност! Нека биде вечен македонскиот збор!

Сподели го ова:






























Македонскиот јазик е нашата татковина, нашата вечност – порача Министерот за култура и туризам Зоран Љутков, по повод Денот на мајчиниот јазик во Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков”.

“Имав чест да се обратам во присуство на угледни личности од академската заедница, меѓу кои проф. д-р Елена Јованова – Грујовска, проф. д-р Симона Груевска-Маџоска и проф. д-р Кристина Николовска. Во моето обраќање, истакнав колку е значаен македонскиот јазик за нашата култура, идентитет и историја. Јазикот е повеќе од средство за комуникација; тој е душата на нашиот народ, првата нишка што нè поврзува со светот, семејството и традицијата. Нашиот мајчин јазик е темелот на нашиот идентитет и чувар на нашето културно наследство.

Низ историјата, македонскиот јазик не само што опстанал, туку и цутел. Се зборува, пишува и пее не за да докажеме дека постоиме, туку затоа што сме наследници на ова богатство. Како што рече Коста Рацин: „Татковината се брани со убави зборови и добри дела.“ Ние сме должни да го негуваме и чуваме нашиот јазик. Да го славиме, чуваме и живееме македонскиот јазик. Нека биде вечен македонскиот збор!” – порача министерот Љутков.




Сподели го ова:

Слични објави