Тепачка помеѓу татко и син! Двајцата со повреди веднаш пренесени во болница
Денеска во 10:40 часот во СВР Куманово било пријавено дека во кумановската населбата „Иго Тричковиќ“ бил нарушен јавниот ред и мир како резултат на физичка пресметка која настанала помеѓу татко и син.
Во тепачката бил употребен остар предмет, а веднаш потоа двајцата со повреди биле пренесени во општа болница Куманово.