Премиера во Прилеп! Урнебесните “Солза и смеа” доаѓаат со “Аџанак – Баџанак”
“Солза и смеа” доаѓаат во Прилеп на 27.02.2025 година каде ПРЕМИЕРНО пред прилепчани ќе го изведат нивното најновото комично шоу кое носи наслов “Аџанак -Баџанак”. Овој месец популарните тв ликови од “Солза и смеа” ја започнаа својата голема турнеја во над 10 градови во Македонија – и тоа во зголемен, проширен состав со нивната најнова урнебесна комедија, каде ги полнат салите до последното место!
Во Прилеп доаѓаат на 27.02.2025 година, а комичното шоу е закажано за во 20h во НУЦК “Марко Цепенков, сала која исто како и минатите години, ќе биде претесна за да ги собере сите прилепчани кои ќе уживаат во смеата на овие добро познати комични ликови.
Нашата информативна екипа постојано ги следи нивните настапи во градовите низ Македонија, па можеме со сигурност да кажеме дека каде и да се појават постои огромен интерес за овие популарни ликови. Побрзајте, билети може да си резервирате ВЕДНАШ 24/7 на 078/ 66-77-97
Цена на билет во претпродажба: 250 денари.