Руши рекорди! Нашето македонско девојче од Финска има над 112.000 прегледи на песната “Заветна” на Тик ток

Сподели го ова:


























Оваа 21 годишна девојка не заборава на своите македонски корени, туку напротив, ги негува и ги оживува во нејзините песни.Преку нејзиниот глас се отсликува нејзината внатрешна душевна убавина, која доаѓа до израз преку нејзините песни, кои како непресушен извор извираат од нејзиното бисерно грло.

Крушевчанката Марија Стојческа која живее во Финска, долги години преку македонската песна ја негува историјата на македонскиот народ. Марија, во Финска има завршено две музички училишта, а уште од многу мала е посветена на музиката. Имено, оваа 21 годишна девојка со својот глас ги освои симпатиите на голем број македонци и тоа веднаш, штом во септември на својот Youtube канал го објави видео записот за нејзиниот кавер – за песната “Заветна”. Имено, оваа песна на Тик ток има над 112.000 прегледи за само два месеци.

Музиката и текстот на песната се дело на Пепи Бафтиросвски, а аранжманот за песната го изработи Рубин Димкоски во неговото “R- Music Studio”. Видео записот се снимаше во легендарното Крушево, а истиот го изработи FUN production – Zoran Pilata. Марија заедно со нејзиниот менаџер Гоце Балада, работат при избор на нови кавери, новокомпонирани песни, нови музички проекти и настапи низ Македонија.




Сподели го ова:

Слични објави