РЕКИ ОД НАРОД ВО “САЛИДА”: Прилепчанецот Бобан Тошески го извади светиот крст од осветените води во Прилеп
Денеска, по повод празникот Богојавление – Водици околу 150 прилепчани скокнаа во базенот од Аквапаркот на хотелот „Салида“ во Прилеп, со желба први да стигнат до светиот крст. Најсреќен од сите нив беше Бобан Тошески кој го извади светиот крст од осветените води во Прилеп.
Информативниот тим на СТАНИЦА.МК му посакува здравје, среќа, успех, љубов и берикет во текот на цела година.
Бог се јави!