Еве какво ќе биде времето за продолжениот викенд

Сподели го ова:























Денеска времето ќе биде сончево, меѓутоа веќе од пладневните часови ќе биде променливо облачно со локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, а минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 8, додека пак максималната ќе достигне од 15 до 22 степени.

Врз основа на информациите од УХМР, во следните денови од продолжениот викенд времето во претпладневните часови ќе биде претежно сончево, меѓутоа во пладневните часови ќе биде променливо облачно проследено со локални врнежи од дожд.



Сподели го ова:

Слични објави