Прилепскиот карневал “Прочка”, оваа година ќе се одржи на 17 март

Сподели го ова:


























Во духот на вековната традиција и прилепските обичаи, оваа година на 17 март ќе се одржи прилепскиот карневал “Прочка”. Корените, традицијата и обичаите како нераскинлив дел во постоењето на нашата милениумска македонска историја ни давааат обврска дека мораме да ги почитуваме и да ги негуваме, а со самото тоа цврсто да ја чуваме нашата врска со се она што претставува македонска вера и традиција.

Нашиот Прилеп е препознатлив по многу работи, многу културни настани и фестивали, а карневалот „Прочка“ со сигурност е еден од најпознатите и најголеми карневали во Република Македонија. Прилепските Мечкари ја претставуваат најпознатата маска која што според некои документи датира од 30-тите години на минатиот век, а нејзината симболика означува бркање на злите духови.




Сподели го ова:

Слични објави