ЧЕТВРТА ГОДИНА ПО РЕД: Голем интерес за да се слушнат премиерно најновите детски хитови од најновото фестивалско издание на “Веселите Ѕвончиња”

Сподели го ова:


По четврт пат во Прилеп-Детски музички фестивал “Весели Ѕвончиња by JANA”-Прилеп 2022. Во сабота на 07.05.2022 година со почеток во 11:00 и 19:00 часот, НУЦК “Марко Цепенков” – Прилеп ќе биде местото каде што по четврт пат ќе се се одржи фестивалот кој што од страна на публиката е прогласен за “МОДЕРЕН ДЕТСКИ-СВЕТСКИ БРЕНД”. Маскотата на Распеаното Весело ѕвонче Ве кани да се сликате и дружите со него, и да ги слушнете премиерно најновите музички хитови од најновото четврто фестивалско издание “Весели Ѕвончиња-by JANA”-Прилеп 2022.Веселото Ѕвонче на секој посетител ќе му подари “Стоби Флипс” од Витаминка и “Ladna Voda”. Оваа година, Генерален Покровител на фестивалот е Општина Прилеп. Како и претходните години, така и оваа, фестивалот ќе понуди 16 ново-компонирани детски музички песни кои што ќе ги испеат деца од 4 до 14 години од неколку градови од Македонија, меѓутоа најголемиот број – како и секоја година ни доаѓаат од Прилеп. Влезниците за овој нај-актуелен детски музички фестивал се пуштени во продажба, при што истите ќе може да си ги набавите во: Tobako Plus-(веднаш до слаткарница Алфа кај Старата Чаршија), Игротека “Моја Бајка” (кај Димо наредникот-во близина на Матадор), “Игротека Jim Jam”-во Точила, Игротека “Бамби”-кај уредот како и во “Игротека Disney-Дизни”-зграда Табана. Цената на влезниците е 100 денари, и истите се пуштени во ограничен број! Четврта година по ред –Ве каниме сите Вас… Бидете главни во Вашето Школо -во Вашиот Клас, и дојдете заедно да се дружиме, сликаме и пееме со распеаното Весело ѕвонче на најновото четврто фестивалско издание на Детскиот музички фестивал “Весели Ѕвончиња by JANA”-Прилеп, 2022.





Сподели го ова:

Слични објави