Проштално збогум за Митрополитот Тимотеј – неговите посмртни останки изложени во Плаошник
Денеска во 9:00 часот, во храмот на Свети Климент Охридски на Плаошник започна да се служи заупокоена Света Архиерејска Литургија, со која чиноначалствува викарниот епископ на Дебарско-кичевската епархија, Неговото Преосвештенство епископот Антаниски г. Партениј. Свештенството, монаштвото и верниот народ на Дебарско-кичевската епархија се обединети во молитвата за покој на неговата душа, со надеж на воскресение и светло блаженство.
Неговиот живот и служба беа светол пример за пастирска љубов, пожртвуваност и посветеност кон Црквата Божја. Посмртните останки на Митрополитот Тимотеј ќе бидат изложени за проштално збогум од почетокот на Светата Литургија, па сѐ до крајот на вечерната служба.