Со песната “Татковино” од Веселите Ѕвончиња вечерва сите ќе навиваме за Македонија
Колку за потсетување, денес ќе се одигра клучниот меч на македонската фудбалска репрезентација против Португалија. Пред некој ден, Македонија оствари историска победа против Италија, актуелниот првак на Европа, во третото меѓусебно соочување откако славеше со 1:0 во Палермо во полуфиналето од баражот за пласман во Катар. Италија доминираше, но не ги искористи своите шанси, а тоа го казни Александар Трајковски во 92 минута. Во финалето од баражот за СП, денес Македонија ќе игра со Португалија во Порто, откако португалците славеја против Турција со 3:1. А вечерва сите навиваме со песната “Татковино моја мила” на прилепчанецот Ѓорѓи Стојанов, песна која што Ѓорѓи ја испеа на минатогодишното фестивалско издание на прилепскиот детски музички фестивал “Весели Ѕвончиња by JANA”.
Оваа година, прилепчанецот Ѓорѓи Стојанов повторно ќе настапи со нова песна на овој фестивал на сцената во НУЦК “Марко Цепенков” во Прилеп, каде што публиката ќе има можност да слушне голем број на НОВО-КОМПОНИРАНИ ДЕТСКИ ПЕСНИ, кои ќе бидат изведени во детскиот и во тинејџерскиот блок на фестивалот, фестивал кој од минатата година од страна на публиката е прогласен за “МОДЕРЕН ДЕТСКИ-СВЕТСКИ БРЕНД”.Градот Прилеп е особено горд, зашто има детски музички фестивал кој што претставува МОДЕРЕН ДЕТСКИ-СВЕТСКИ БРЕНД, бренд кој што е прогласен од страна на публиката како резултат на квалитетот на неговите песни. Како што знаете, станува збор за нај-актуелниот детски музички фестивал каде што пеат деца од цела наша земја. До сега на фестивалот имаат настапувано деца од повеќе градови како што се од Прилеп, Скопје, Радовиш, Крушево….. Секоја година, овој фестивал создава нови детски и тинејџерски хитови, кои постојано се пуштаат во поединиечните музички детски блокови секое утро на телевизиите во нашата земја.