Трипуновски: До последниот ден од откупот ќе бидеме тука, додека не се собере последното ливче тутун. Очекуваме оваа откупна сезона успешно да заврши
Денеска министерот за земјоделство и шумарство, Цветан Трипуновски, направи увид во откупот на тутун во прилепскиот регион.
Досега се откупени 1,7 милиони килограми тутун со просечна цена од 419,68 денари. Заклучно со вчерашниот ден, од пријавените 320 пунктови низ државата отворени се 207. До последниот ден од откупот ќе бидеме тука, додека не се собере последното ливче тутун. Очекуваме оваа откупна сезона успешно да заврши – порача министерот Трипуновски.















