Производство на струја од метан, во Пречистителната станица во Прилеп
Денес во просториите на Пречистителната станица на ЈКП „Водовод и канализација“ Прилеп, директорот Игор Гулабоски одржа редовна брифинг средба со медиумите.
На истата директорот ги сподели информациите дека Пречистителнта станица на ЈКП „Водовод и канализација“-Прилеп е прва пречистителна станица во Р. Македонија која произведениот метан пробно може да го користи за производство на електрична енергија за самата пречистителна станица. Во постапка е целосно процесуирање на овој процес со релевантните институции со цел да може во иднина пречистителната станица целосно да се потпира на искористеноста на метанот. Во моментов таа може да задоволува 12-15% од сопствените потреби. Но, директорот г-н Гулабоски истакна дека очекува оваа 2023 година со одредени вложувања да може да се зголеми произведениот метан од самиот процес на пречистителната станица со што би можело да се покрие и до 20% на елктрична енергија на потрошувачката на станицата и секако доколку се финализира целата започната институционална постапка.
ЈКП„Водовод и канализација“Прилеп секогаш прв и секогаш во интерес на градот и граѓаните, но и во грижата за животната средина со што се подобрува квалитетот на животот на целото население.