“Прилепски Комуналец” темелно и комплетно го исчисти Спортско рекреативниот комплекс ,,Езеро”
Темелно и комплетно е исчистен Спортско рекреативниот комплекс ,,Езеро”, и пошироката околина и се е подготвено за сончевиот викенд да ги дочека прилепчани.
Но, знаеме ли како да се однесуваме со отпадот во природа?
И покрај поставената комунална инфраструктура: контејнери на паркингот и покрај асфалтниот пат, канти за ситен отпад на секој чекор, сепак свеста и совеста кај поедини ,,граѓани”, за убава и чиста животна средина, никако да се пробуди.
По убавата дружба отпадот може да се собере и одложи во контејнерите. За ситен отпад и отпушоци да се користат корпите за отпадоци.
Очекуваме убавото Сонце да не разбуди за убаво и чисто.
Дали конечно можеме?!
ЧИСТО Е УБАВО! – стои во објавата на ЈКП Комуналец – Прилеп.


















