Честитки за франкофонистите од ООУ “Гоце Делчев” – Прилеп кои што вчера во одлично светло го претставија своето основно училиште

Сподели го ова:























Како што информиравме претходно, во текот на вчерашниот ден во Кино салата “Мис Стон“, младите франкофони од град Прилеп со пригодна програма го одбележаа Меѓународниот ден на франкофонијата 20 март. Настанот беше организиран од страна на ООУ “Гоце Делчев“ – Прилеп под менторство на наставничката Ирена Наумоска. Учество на настанот зедоа и основните училишта “Кочо Рацин“ – Прилеп (ментор Весна Трајческа), “Климент Охридски” – Прилеп (ментор Билјана Трчкоска), основното училиште “Кирил и Методиј“ с. Канталарци (ментор Љупка Томиќ) како и Гимназијата“ Мирче Ацев“ – Прилеп (ментор Мирјана Бошкоска).

Учениците ги наведуваа причините зошто го сакаат францускиот јазик, а потоа преку поезија, цитати за пријателството и за мајката, француска музика, танц и драматизации создадоа пријатна атмосфера за уживање во звуците на најромантичниот јазик на светот. Настанот го посетија бројни гости меѓу кои Амбасадорот на Република Франција во Македонија Г-дин Сирил Бомгартнер, Директорот на Францускиот институт во Скопје Уго Бештел, градоначалникот на град Прилеп г-дин. Борче Јовчески, претседателот на Советот на општина Прилеп г -дин Дејан Проданоски, советници и директори на основни и средни училишта.



Сподели го ова:

Слични објави