Проданоски: Ветивме транспарентност и отчетност во работата на Општината и така ќе продолжиме да функционираме

Сподели го ова:





























Денес, прилепскиот градоначалник Дејан Проданоски оствари средби со претставници од бизнис секторот, невладините организации, здруженијата, како и претставници од Занаетчиската комора и угостителскиот сектор.

Минатата седмица, заедно со граѓаните, отворено дискутиравме, анализиравме и предложивме идеи и проекти за новиот буџет за нашата општина, јасно и со вклучување на секој глас. Продолживме и денес, со средба на која учествуваа претставници од бизнис секторот, невладините организации, здруженијата, како и претставници од Занаетчиската комора и угостителскиот сектор. Заедно ги споделивме предизвиците, идеите и приоритетите што треба да бидат дел од развојните политики на општината. Ова е нашиот заеднички пат кон подобра, поправедна и поодговорна општина. Прилеп подеднакво припаѓа на сите! – порача Проданоски.




Сподели го ова:

Слични објави