Чонески на промоцијата на Ресурсниот центар за поддршка на развојот на општините: За Крушево, ова претставува значајна можност за уште поефикасно планирање, реализирање и поддршка на развојните проекти

Сподели го ова:






























Денеска во Скопје, крушевскиот градоначалник Нико Чонески присутвуваше на промоцијата на Ресурсниот центар за поддршка на развојот на општините, настан организиран од Министерството за локална самоуправа, кој ги обедини градоначалниците од целата држава.

Ресурсниот центар е нов институционален механизам кој ќе обезбедува долгорочна, одржлива и стручна поддршка за сите општини, со услуги во разни области.Центарот ќе биде партнер на општините, кој ќе им помогне побрзо, поефикасно и поквалитетно да ги развиваат своите средини. Неговата улога е да донесе стабилност, знаење и професионална поддршка таму каде што локалните капацитети некогаш недостигаат, за на крај најголемата придобивка да ја почувствуваат граѓаните. За Крушево, ова претставува значајна можност за уште поефикасно планирање, реализирање и поддршка на развојните проекти од кои директно ќе имаат бенефит нашите граѓани – истакна Чонески за СТАНИЦА.МК.




Сподели го ова:

Слични објави