Денеска МВР ги учеше прилепчани како самите да се заштитат од кражби, измами и разбојништва
Денеска (08.08.) полициски службеници од Полициската станица од општа надлежност Битола и од криминалистичката полиција при СВР Битола, како и припадници од Одделението за внатрешни работи Прилеп реализираа превентивни активности каде што акцентот беше ставен на заштита на имотот на граѓаните, заштита од кражби, измами и разбојништва, но и состојби од општата безбедност како што е неовластената употреба на оружје при свадби и прослави.
При спроведувањето на активностите под мотото – „Сигурноста на граѓаните е наша обврска“, полициските службеници говореа и презентираа практични искуства и совети за овие теми важни за безбедноста и сигурноста во заедницата – известуваат од МВР.