ВИДЕО-ПРОДАНОСКИ: Општина Прилеп само во последните 10 дена е застапена во црната хроника – со постојани тепачки, физички напади на лица, кримнинални дејствија кои не се за занемарување

Денеска на седницата на Советот на Општина Прилеп ќе се разговара за безбедносната состојба во Прилеп, при што на оваа седница, поканет е и командирот на ПС Прилеп, се со цел за да даде објаснување за моменталната ситуација во градот. По тој повод, денеска пред општинската зграда на Општина Прилеп Претседателот на Советот – Дејан Проданоски, загрижен за безбедносната состојба во градот, одржа прес конференција, при што истакна:

“Денеска на седница на Советот на Општина Прилеп ќе разговараме за безбедносната состојба во Прилеп.Поканет е и командирот на ПС Прилеп да образложи каква е безбедностната состојба во градот, која според информациите што се пласираат во јавноста е страшно лоша. Точката е последна на дневниот ред на седницата, но по барање на советничката група на ВМРО ДПМНЕ и по мое лично инсистирање, ќе предложам пред советниците точката да ја поставиме како прва. Командирот на ПС се надевам дека ќе присуствува на седницата, на која уредно е поканет и ќе ни даде целосна слика за безбедноста во градот. Општина Прилеп само во последните 10 дена е застапена во црната хроника – со постојани тепачки, физички напади на лица, кримнинални дејствија кои не се за занемарување. Само минатата недела бевме информирани дека е пронајдена марихуана во вредност од 300 илјади евра. Минатиот викенд , масовната тепачка на млади луѓе пред еден од прилепските локали ги преплави насловите на порталите, а секојдненво полицискиот билтен е исполнет со тепачки и вербални навреди меѓу граѓаните на Прилеп. Овие само неколку случувања наговестуваат дека ситуацијата не е розова, а полицијата, која треба да се грижи за безбедноста во градот или е слепа и глува? Станува ли Прилеп град на насилници, град каде нашите деца, пријатели, соседи се небезбедни ? Или тоа и е целта на централната власт, Прилеп намерно да биде прикажан како незбезбеден град за живеење?
Почитувани, безбедноста на граѓаните е на првото место! Полицискиот командир по закон треба да ни образложи на денешната седница што тоа се случува во Прилеп.Во спортивно како советничка група ВМРО ДПМНЕ и јас како Претседател на Советот при општина Прилеп, заедно со градоначалникот, ќе бараме одговорност и итно сменување на командирот на полциската станица, но и преземање одговорност од страна на МВР и централната власт за ваквата состојба во Прилеп”-истакна Проданоски.