МИЦКОСКИ: Во документите кои што се ставени на увид на јавноста практично има неколку суштински работи кои мораме да ги одбиеме
Во документите кои што се ставени на увид на јавноста практично има неколку суштински работи кои мораме да ги одбиеме-истакна синоќа претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во телефонско јавување во емисијата “Јади Бурек“.
“Првото е што еден од документите се повикува на протоколот од втората меѓувладина конференција со Бугарија каде што практично се наоѓаат и историјата и образованието и спомениците и културата, сето она кое што е содржано во првата резолуција на Бугарскиот парламент од 2019 година и ако ние тоа го прифатиме, го прифатиме тој протокол практично комплетна асимилација е пред нас. И второто е во првиот документ, а тоа е практично преговарачката рамка во точката 5 каде имаме неколку услови. Покрај Копенхагеншките и условите кои се дефинирани со процесот на асоцијација, таму се наоѓаат билатералните договори односно на тој начин се дава алатка во рацете на Бугарија кога сака и како сака да не блокира и покрај тоа што тоа до сега за ниту една земја која стана членка не било услов. Така да билатералниот договор не само Преспанскиот туку и Договорот за добрососедство се дел од понудената преговарачка рамка“-истакна Мицкоски.