Прилепската градска болница си доби нова главна сестра

Сподели го ова:


























Веднаш после големата прослава за заминувањето во пензија на претходната главна сестра во градската болница во Прилеп, на нејзино место дојде Зорица Шојлеска.

Новата главна сестра беше официјално претставена на состанок, кој беше одржан од страна на директорката Кети Смилеска. Меѓутоа, овој пат на масите немаше храна и жестоки пијалоци, туку само освежителни пијалоци, односно онака како што доликува на пречек на вработено лице во една здравствена установа.

Очигледно е дека Раководството на прилепската болница очигледно ја разбра нашата незлонамерна забелешка дека кога се прославува некој нов настан или јубилеј во болницата во однос на некој вработен, тоа се прави надвор во некој ресторан или кафуле, бидејќи сепак болницата е БОЛНИЦА!

Колку за потсетување, новата главна сестра Шојлеска за време на короната беше координатор на вакциналниот пункт во Прилеп.

Информативната екипа на СТАНИЦА.МК на Шојлеска, и посакува успех на новото работно место.




Сподели го ова:

Слични објави